370
Министерството за финансии реагира на соопштението на СДСМ во кое партијата информираше дека денешното задолжување било за 24 милиони евра поголемо од сумата што треба да ја вратиме врз основ на стари долгови.
Од министерството велат дека со оваа сума ќе се пополнувал буџетскиот дефицит, предвиден со буџетот за 2017-та година.
-Зошто сега се повлекува поголема сума? Ликвидноста на пазарот е особено висока, што придонесе за значително намалување на каматните стапки на државните хартии од вредност. Значи, по пониска цена може да се обезбеди капитал за финансирање на буџетскиот дефицит кој е предвиден со буџетот – се вели во соопштението на Министерство за финансии.