509
Министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
За време на престојот министерот Таравари ќе оствари средби со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и средби со клучни здравствени организации и болници, информираат од Министерството за здравство.
Целта на средбите е размена на искуства и формирање стратешки партнерства за реформи во здравството.