ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги задолжува граѓаните со нови 1,7 милиони евра секој ден

by fokus

Oд ден во ден долговите на РМ рапидно и енормо растат, СДСM успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, како што наведуваат од партијата, секој ден се задолжуваат со нови 1,7 милиони евра.

„Пред неколку дена Тевдовски и Заев, сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра, излегоа на прес конференција каде нафрлија долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористија и обврски кои се уште не се доспеани за наплата“, стои во соопштението.

Додаваат дека граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми пари.

Поврзани новости