Министерот за образование не го „шмиргла“ македонскиот јазик

by fokus

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, не ја почитува обврската за употреба на албанскиот јазик. Тој денеска се обрати прво на албански јазик на прес конференција пред новинарите, а потоа зборуваше на македонски. Но на прашањата поставени на албански јазик тој не обезбеди превод, ниту пак се помачи сам да ги преведе своите одговори со цел да го разберат и македонските новинари.

На прашање на „факултети.мк“ според кој закон во Р. Македонија министер се обраќа прво на албански јазик, од Влада ни објаснија дека нивните прес-конференции се во согласност со принципот „Едно општество“ и може да се одвиваат и на македонски и на албански јазик.

– Во ситуации кога се употребува втор јазик, се обезбедува симултан или консекутивен превод или содржината се парафразира. Медиа центарот во Влада на Република Македонија не содржи техничка опрема за симултан превод. Таква опрема е во фаза на набавка и ставање во употреба, со цел да им се овозможат на медиумите целосни услови за нивна работа. Во меѓувреме со цел информациите да бидат достапни за сите медими, министрите ќе се обраќаат и на македонски и на албансијазик, а овој принцип се практикува и за новинарските прашања и одговори, велат од Влада.

Поврзани новости