Министерот за образование: Екстерното е пример за регионот

by fokus

Екстерното тестирање е пример за регионот, и нема да прекине без разлика на шпекулациите од минатата година дека нема да има екстерно тестирање, изјави денеска министерот за образование, Пиштар Љутфиу.

-Ако ја споредите минатата година со оваа, ќе видите дека многу слабости се надминати. Екстерното тестирање е добар пример за регионот. Имало технички проблеми кои што се надминати и сега се е на ниво, рече министерот Љутфиу.

Утре завршува екстерното тестирање за 2015-2016 година, а во оваа сесија опфатени беа 178.648 ученици од основните и средните училишта.

 

Поврзани новости