Министерот за надворешни на Косово и за одбрана на Албанија во посета на Македонија

by Фокус

Поранешниот премиер, а сегашен вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне со македонскиот колега Никола Попоски.

Освен тоа, Тачи треба да оддржи средба и со претседателот Ѓорге Иванов, кој уште има закажан состанок со министерката за одбрана на Албанија Мими Кодели.

Притоа, предвидено е Кодели да има средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на чело со претседателот Емил Димитриев.

Поврзани новости