Во Министерството за финанси активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година.
„Ќе направиме се што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години, а истовремено да дадеме можност на нашите реформски приоритети“, изјави министерот за финанси Драган Тевдовски.
Тој додаде дека согласно изгласаниот Буџет за 2017 година од претходната власт, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар и рече дека за издавање на еврообврзница не се размислува пред донесување на ребалансот на Буџетот.
„Еврообврзницата нема да биде издадена пред ребалансот. Ги оценуваме можностите и можеби ќе оцениме и еврообврзница да не издаваме. Така што ние ги гледаме кои се можностите од аспект на доброто на граѓаните односно да плаќаат пониски стапки“, рече Тевдовски.