Министерот Спасовски телефонски се слушнал со унгарскиот колега кој му кажал дека Груевски е кај нив

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски телефонски контактирал со унгарскиот колега, односно тамошниот министер за внатрешни работи, кој му кажал дека бегалецот Никола Груевски е кај нив.

Ова на денешното судско рочиште за “Насилството во Центар” го кажа судијата Душан Јосифов.

Претходно беше објавена и информација дека и министерот за надворешни работи Никола Димитров комуницирал со колегата од Унгарија, каде што темата на разговор исто така бил бегалецот Груевски.

Поврзани новости