Министерот Спасовски се уште се лекува на Инфективна

by fokus

Министерот Оливер Спасовски веќе една недела се лекува на Инфективната клиника, откако беше хоспитализиран поради висока температура, а по претходен позитивен тест на Ковид-19.

Од МВР за „Фокус“ потврдуваат дека Спасовски се уште се наоѓа на болничко лекување, но и посочуваат дека состојбата му е стабилна.

Министерот за внатрешни работи на 29 октомври беше хоспитализиран на Инфективна, а претходно самиот објави на фејсбук дека е заразен со вирусот.

В.В.

Поврзани новости