532
Следната недела во Будимпешта грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, соопшти грчкото Министерството за надворешни работи. Средбата ќе се оствари на маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа.
Како што соопшти грчкото Министерство, Коѕиас во вторник ќе има одвоени средби со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Македонија Никола Попоски, и со министерот за европски прашања на Турција, Волкан Бозкир.