Министерот за Правда Кренер Лога одговори на денешните забечешки од Судскиот совет дека не присуствува на седниците на ова тело, ниту пак дека ги известува дека ќе отсуствува.
„Присуството на министерот за правда на седници, без право на глас не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет“, рече Лога.
Во соопштение до јавноста министерот Лога вели дека во изминатите години, неколку министри за правда не присуствуваа на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело.
„Веднаш по стапувањето на функцијата министер ,го известив Судскиот совет и побарав да се почитува препораката на ГРЕКО и да се интервенира во Уставот со бришење на оваа одредба, во спротивно најавив дека ќе присуствувам на сите седници на Судскиот совет на кои имам право како член по функција затоа што Уставот мора да се почитува. Со писмен допис го информирав Судскиот совет да направи разграничување на седниците и да ме информира за оние на кои можам да присуствувам . Како што е наведено во Законот,членовите на Советот по функција не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд“, изјави Лога.
Членовите на Судскиот совет забечежаа дека на седниците не присуствува ниту претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, и дека тие се ќленови на ова тело по функцијата која што ја вршат. Според нив присуството на министерот и претседателлката на Врховниот суд може да биде значајно за работата на Советот.
Министерот во соопштението до јавноста натаму додава дека одлучил да не присуствува на седниците на Советот по низата скандали кои се случиле во ова тело.
„Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посeтата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања,одлучив да не присуствувам на седниците исто како што тоа го правеа моите претходници“, изјави Лога.