Министерот Милевски демантира дека ќе се гради регионална депонија во Битола

by fokus

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на својот фејсбук профил ги демантира најавите дека Битола е новата локација која Mинистерството за животна средина ја разгледува како идеална опција за изградба на регионалната депонија за југозападниот регион откако целосно пропадна планот таа да се гради во Општина Дебрца поточно во селото Годивје.

„Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните. Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола. Депонијата од Југозападниот регион мора да биде во тој регион. Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање“, се вели во објавата.

Рокот кој Унеско го даде на општините од регионот за изградба на регионална депонија и селекција на отпадот е 2021 година.

Поврзани новости