Министерот Меџити вели дека нема политика во разрешувањето на д-р Јовев

by Fokus

Министерот за здравство, Фатмир Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев.

„Апсолутно не, секаде кај ќе има злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирање“ – рече денеска Меџити, на новинарско прашање при посетата на Универзитетската клиника за ендокринологија.

Тој најави дека службите на Министерството за здравство попладне на брифинг со медиуми ќе информираат за случајот, за кој има многу реакции во јавноста.

На прашање врз основа на што заклучил дека професор Јовев не покажува резултати во работата кога за 2,5 години има направено девет трансплантации и дали станува збор за одмазда, Меџити со коментар „не е само професорот Јовев, таму има цел тим што работи за такви комплицирани операции“.

„За се друго ќе има брифинг за новинарите и ќе бидете известени за сите детали“ рече Меџити.

Поврзани новости