Автомобил удри малолетник во Ѓорче Петров, возачот побегнал од местото

by Fokus

МВР информира дека вчера во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.15 часот на ул. „Лука Геров” во Скопје патничко моторно возило удрило во малолетник и го напуштило местото.

Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости