496
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека би го поддржал предлогот на министерот за здравство Фатмир Меџити за укинување на економските директори.
-Јас сметам дека е неиздржано на еден километар квадратен да има 60 директори, 60 заменици директори и 60 управни одбори. Тоа никаде во светот го нема – нагласи Ковачевски.
Меџити, пак, деновиве изјави дека очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар со еден генерален директор, со што би се укинале организациските или економски директори на одделните клиники.