Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Ова го откри бизнисменот Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.
Камчев додаде дека ми била понудена една работа, но тој ја одбил.
В.В.