Министерот Бектеши бара отчет од колегата Тевдовски за новите вработувања

by fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши – бара отчет од Владата, за тоа колку луѓе се вработени откако СДСМ и ДУИ се на власт. Бектеши, пред три недели, на седница на Владата писмено побарал да му биде доставен детален преглед од Министерството за финансии колку согласности за вработување се издадени во периодот од јуни лани до крајот на минатиот месец, пренесе „24вести“.

Според записникот, Владата на 60-та седница го задолжила Министерството за финансии да ги обезбеди податоци. Од економија велат дека информациите се уште не ги добиле.

Бектеши бара информации за колку согласности за вработување потпишал по институции, колку од нив се на определено, а колку на неопределено време и колку  трансфери на вработени се направени. Неофицијално податоците на Бектеши му се потребни за спроведување на систематизацијата поврзана со стратегија за реформи во јавната администрација.

 

Поврзани новости