Министерката за правда на Нов Зеланд, Кери Алан (39) поднесе оставка откако во алкохолизирана состојба криела сообраќајна несреќа. Алан беше обвинета за невнимателно возење и давање отпор при апсењето, пишува Би-Би-Си. Несреќата се случила синоќа во Велингтон.
Таа е четвртиот министер од кабинетот на премиерот Крис Хипкинс кој ја напушти владата од март. Парламентарните избори во Нов Зеланд ќе се одржат во ноември. По апсењето, поранешната министерка четири часа била задржана во полициска станица, пред да биде пуштена на слобода. Алан допрва треба да се појави на суд.
„Алан сфати дека е невозможно таа да остане министерка“, рече новозеландскиот премиер на прес-конференција.
Алан, која исто така беше министер за регионален развој, конзервација и управување со вонредни состојби, неодамна зеде слободни денови поради лични прашања и се врати на работа минатиот понеделник.
Минатиот месец таа потврди дека се разделува од партнерот.