Министерката Шукова ќе бара информации од албанскиот колега што се гради на брегот на Охридското Езеро

by Fokus

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе бара информации од нејзиниот албански колега за градежните активности на брегот на Охридското Езеро од албанска страна кај селото Тушемиште, во непосредна близина на Националниот парк Дрилон, биолошки резерват заштитен од УНЕСКО.

Таа рече дека вчера прв пат слушнала дека таму се гради и тоа од медиумите, иако претходната неделка имало состанок на Комисијата за Унеско, но ваква нформација никој не споделил.

„Од албанската страна немаме никакво официјално известурвање што се градби во непосредна близина на Национален парк Дрилон, биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. Тие се одговорни за тоа што го прават на нивната страна ,ние не се мешаме во работите на Република Албанија,меѓутоа ќе има препорака дека треба да се внимава што се прави, особено на крајбрежниот појас“, изјави Шукова.

Таа објасни дека за секоја една активност која што е во рамките на Охридското Езеро, треба да бидат информирани и  треба да се внимаваме што се праве.

„И македонската и албанската страна не треба да си дозволиме понатаму да одиме со нови објекти кои ќе го загрозуваат Охридското Езеро, секако основа за сето тоа треба да биде комуникација”, вели Шукова.

Планот на албанскаиот премиер Еди Рама кој сака да гради пристаниште и шеталиште на целата крајбрежна зона од Дрилон до Тушемиште наиде на силни критики од албанските но и од македонските екологисти. За градежните активности кај изворите кај Дрилон, на албанската страна од Охридското Езеро, вчера алармираа од иницијативата Охрид СОС.

„Албанскиот премиер не наведе дали пред да почнат овие активности се консултирани стручни лица или соодветни научни институции, дали е направена стручна оценка за влијанието врз животната средина, колкав ќе е притисокот врз другите животински и растителни видови. Неодамна, на средба со неколку организации од Поградец, Тушемишта и Тирана ни беа споделени загрижувачки информации. Заткулисно, се прави простор за ваквите проекти, иако државата се обврзала дека ќе го заштити тој дел од Охридскиот Регион“, реагираат од иницијатива Охрид СОС.

Поврзани новости