612
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, од минатата недела, смртноста кај заразените од Ковид-19 е намалена за над 20%, во споредба со неделата претходно.
-Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела, се наведува во извештајот.
Во однос на возраста, пак, 64 лицa од починатите биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.