Минатата недела имало најмногу позитивни и најмногу смртни случаи кај лицата над 60 години

by fokus

Тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела.

Ова го покажува анализата на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30ти ноември до шести декември.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%).

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 10,4% помалку во споредба со минатата недела.

 

Поврзани новости