Руски конвој долг 64 километри се приближува кон Киев

by fokus

Руските трупи, судејќи според сателитските сними, напредуваат кон украинскиот главен град, Киев, а конвојот кој се приближува е долг речиси 64 километри.

Ова го покажуваат снимките на американската сателитска компанија Максар. Како што пресметале, конвојот е долг 64 километри и се приближува кон Киев, град којшто се уште е под контрола на украинската влада.

Максар тврди дека конвојот вклучува стотици оклопни возила, тенкови, топови што ги влечат камиони и други возила.

Поврзани новости