МИМ: Необјавувањето на материјали во случајот „Бомба“ е обид за воведување експлицитна цензура

by Фокус

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска соопшти дека повикот на Јавното обвинителство (ЈО) да не се објавуваат материјали коишто можат да станат предмет на кривична постапка во т.н. случај „Бомба“ претставува обид за воведување експлицитна цензура во медиумите и во јавноста и придонесува за дополнително нарушување на слободата на медиумите и изразувањето

-Го потсетуваме Јавното обвинителство, но и останатите државни и јавни институции и другите јавни чинители, дека слободата на изразување и информирање спаѓа во основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право и утврдени со нашиот Устав. Тие се гарантирани и наведени како први меѓу темелните вредности на кои почива нашиот правен поредок (член 8 од Уставот на РМ), се вели во соопштенито на МИМ.

Од МИМ наведуваат дека во членот 16 на Уставот експлицитно се забранува цензурата, а освен тоа, овие слободи и права биле гарантариани и со Европската конвценција за човекови права која во Македонија имала третман на задолжителна легислатива.

Понатаму, во соопштението на МИМ, пишува дека согласно Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот е должен да ја објави секоја информација која е од општествен интерес, а секоја забрана и повик за необјавување на информации од јавен интерес ќе претставувал брутално кршење на слободата на изразување, но и кршење на правниот поредок на Р.М.

Оваа реакција на МИМ доаѓа, откако вчера ЈО ги повика медиумите да не објавуваат материјали со кои би можела да се наруши истражната постапка за случајот „Пуч“.

 

Поврзани новости