Милошоски: Заев сака само владино-подобната Русковска да има увид во „Рекет“

by Фокус

Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Зоран Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска, рече пратеникот Антонијо Милошоски.

„Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша на фејсбук Милошоски, кој беше еден од претставниците на ДПМНЕ на вчерашната средба со претставници на власта, на којa двете страни не постигнаа договор за законот за обвинителство.

Поврзани новости