Утрово исчезна Михаил од Драчево, излегол од дома не отишол во училиште

by Fokus

Михаил Илијевски од Драчево утово тргнал на училише но не стигнал во својата училница дознава 24 инфо.

Мајката на социјалните мрежи сподели дека детето утово се подготвило за на училиште, но од училиштето и јавиле дека Михаил го нема. Очајната мајка апелира на социјалните мрежи до сите граѓани заедно да го бараат детето.Михаил е облечен во маица и сини шорцеви.

На нозете носи патики најк. Анета апелира до граѓаните и моли за било каква информација. Доколку некој го видел Михаил бара да ја контактираат неа или да пријават во полициската станица Драчево

Поврзани новости