436
Поранешниот министер за внатрешни работи, актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил напиша дека од диплотамтски извори имал информации дека премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во четврток или петок.
„Четврток или петок (оваа недела) ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на Договорот за смена на името Република Македонија.
Главен координатор на за овој настан и потпишувањето е Бојан Маричиќ, советник во кабинетот на премиерот“, напиша тој.