395
Зоран Заев, злоупотребувајќи ја средбата со високо функционери на Израел, се обиде да ја излаже македонската јавност дека таму разговарал за безбедносни и финансиски прашања и дека има нови документи за некои афери или скандали, изјави денеска Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со ова Заев ги излажал своите домаќини и го злоупотребил нивното гостопримство и второ со средбата се обиде да ја излаже и македонската јавност за тоа дека тој е некој политичар од висок ранг и дека добил некои доверливи документи од финансиски или безбедносен карактер – рече Милошоски.
Според него, ваквото однесување на опозицискиот лидер ќе заврши со пораз на следните парламентарни избори на 24 април.