520
Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е постигнат договор спорниот закон за мораториум на бомбите да се врати на доработка.
– Ќе се интервенира во неговата содржина преку амандманската расправа а ќе биде разгледуван и од работните групи паралелно со изборниот законик.Двата закони ќе се најдат на иста пленарна седница пред изборот на новите министри, која според договорот од Пржино, треба да се одржи на 20-ти Октомври – истакна Милошоски.
Откако вчера излезе предлог – законот за забрана за објавување на „бомбите“ , јавноста жестоко реагираше. Социјалните мрежи беа преплавени со веќе објавените „бомби“, а денеска во 18 часот ќе има и протест пред Собранието