Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на обвинителот Коцевски

by Fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на обвинителот Коцевски, напиша пратеникот на социјалните мрежи.

„Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш. Ги фатија заради агилноста на новиот министер за внатрешни работи, а има индиции дека слична трговија “кеш за правда” направиле и претходно, со истиот клиент, но во друга конвертибилна валута.

Покрај шокот кај медиумите како за овој обвинитеско-судски тандем владеел кешот, наместо да владее правото, јавноста беше фрапирана и од леснотијата со која јавното обвинителство на чело со Коцевски потпиша скандалозно лесна спогодба со овие двајца криминалци. За судијата Георгиев казна од три години затвор (а според КЗ чл. 359, за примање награда за противзаконито влијание му се запретени од 1 до 10 години затвор), а Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители, доби само условна казна, иако законот запретува со затвор од 1 до 5 години.

Спогодбата со Мемети и Георгиев е скандалозна од неколку причини, а одговорноста за тоа е на товар на јавниот обвинител Коцевски.

Прво, пари за местење на пресуди не примиле ниту возачот во Врховниот суд, ниту портирот во Советот на јавни обвинители, туку двајца истакнати членови на овие правосудни установи, со големо влијание, со дводецениско искуство во правните работи и пред се функционери кои биле надлежни, одговорни и примале плата за совесно да го спроведуваат законот. Спогодбата која со амин на Коцевски е потпишана со овој судско-обвинителски крими тандем е лоша јавна поука за другите обвинители и судии, и го поткопува принципот на правични санкции што треба да спречат идни општествено-штетни дејствија во оваа фела“, стои во дел од објавата.

Поврзани новости