Милошоски: СДСМ се откажа од активната регистрација на гласачите

by Фокус

Преговорите за изборното законодавство се напорни, но ќе продолжат попладнево, најави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој воедно е член на работната групи за реализација на договорот од Пржино.

– Има различни позиции по различни прашања и тоа што ги прави позициите посложени е што одредени стојалишта на одредени политички партии многу често се менуваат. Го искористија вчерашното поднесување на Законот за необјавување на прислушувани материјали како одреден изговор за застој во преговорите, но откако се договоривме тој закон да биде отворен и за дополнително обработување амандмани од страна на опозицијата да се разгледа заеднички, да биде истовремено разгледуван и со одредени закони преземени како обврска од ХЛАД, поврзани со т.н. свиркачи, тогаш се откочи расправата за Изборниот законик, но заглави на првата точка и најважната за СДСМ, а тоа е прочистувањето на Избирачкиот список – рече Милошоски.

Тој додаде дека СДСМ се откажал од ставот за активна регистрација на избирачите, но, според него, не понудил нов концепт за прочистување на избирачкиот список.

Поврзани новости