Милошоски пред пратениците пушти аудио снимка за финансирањето на телевизијата на Боки 13

by Fokus

Пратеникот Антонијо Милошоски пушти аудио запис во кој, според него, се слуша глас на лице со иницијали З.З., кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, пред пратениците во Комисијата за европски прашања, , .

-Овој транскрипт фрла мала светлина, зошто никој не сака нелегално снимени разговори да бидат докази во судските постапки- рече Милошоски пред пратениците.

Милошоски рече дека снимката ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите.

-Mу требаат пари во телевизијата и прави комбинации. Го прашав, oд каде парите за телеизијата, ми рече од Хрватска, но главно од Циле, (Силјан Мицевски) за старечките домови – рече Милошоски, читајќи го траскриптот.

Поврзани новости