Меколи Калкин: Бев на аудиција на „Си беше еднаш во Холивуд“, но бев катастрофален!

by fokus

Главниот лик на „Сам дома“, Меколи Калкин откри дека учествувал на аудиција на филмот на Квентин Тарантино, „Си беше еднаш во Холивуд“.

Во интервју за „Есквајер“ тој рече дека тој обид поминал катастрофално и би било подобро доколку работите се одвивале во подруга насока.

„Беше катастрофално. Бев многу лош на аудициите, а таа беше прва на која сум бил после осум години“, истакна актерот.

Поврзани новости