Милошоски: Немам друго државјанство освен македонското

by Фокус

Никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако Ангел Џамбаски од бугарското ВМРО повика, како што рече, да му се одземе бугарското државјанство на поранешниот македонски министер за надворешни работи.

-Освен македонското државјанство никогаш сум немал ниту пак имам намера да имам било какво државјанство бидејќи македонското државјанство е мојата лојалност и мојата политичка определба – рече Милошоски на ТВ 21.

Според него, секој политичар во земјава треба јавно да обзнани дали има или нема двојно државјанство.

Поврзани новости