Милошоски: Нема да гласам за Џафери зошто покажа дека нема капацитет

by fokus

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието, истакна дека нема да гласа за изборот на Талат Џафери за претседател. За тоа, како што рече, имал два аргументи.

-По однос на предлогот за избор на претседателот ќе истакнам два аргументи. Првиот аргумент е искуството што го имам од претходниот мандат. Во октомври 2019 година Џафери го прифати Законот со марихуана, злоупотребувајќи го европското знаменце. Имаше и други закони кои беа со европско знаменце, а немаа допирна точка со европската регулатива. Поточно, Џафери не покажа капацитет и не верувам дека и сега ќе го направи тоа, рече Милошоски.

Како втор аргумент пак го посочи тоа дека Џафери немал кредибилитет, односно СДСМ сега го поддржува, а во текот на кампањата удирале со дрва и камења по раководството на ДУИ.

-Зоран Заев тврдеше дека и ДУИ знае дека треба да одат во опозиција и конечно да изградат економска програма. Заев велеше: „Ќе го победиме ДУИ во 6-та, зошто на народот му е преку глава од квази патриот и  квази националисти“. Па затоа сега Џафери нека избере што е!  Како сега да му веруваме на Заев и на СДСМ дека ќе гласаат за чесен претседател, а не за некој кој преку партијата го обвинувал за криминал. Или нека се доизјаснат, нека речат дека мислат дека Талат е чесен, а мислеле на други членови од ДУИ, рече Милошоски.

Тој потсети на уште една изјава, за која рече дека Заев ја дал на трибина во Гостивар.

-Заев рече: „Ги слушам ДУИ, тие не се борат за народот, туку за власт и пари. Заев да каже дали Џафери е во оваа категорија, а ако не е, нека каже за кого зборувал, додаде Милошоски.

 

 

Поврзани новости