Обвинението за случајот „Моќник“ е правно неиздражмно и политичко, вели пратеникот Антонијо Милошоски, кој е еден од обвинетите во овој случај. Според него ова обвинение е компромитирано бидејќи истрагата ја почнала поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
-Деновиве ги известив и поканив овој предмет да го следат “Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај. Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанева, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државниот завод за ревизија утврди дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел, рече Милошоски.
Денешното рочиште се одложи за на 23 декември.
Одложено рочиштето за „Моќник“, Антонијо Милошоски дојде, Томе Аџиев имал корона