Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, најави дека ќе присуствува на денешниот протест за одбрана на името и идентитетот, и покрај партиската одлука да се огради од протестот и да соопшти дека не стои зад неговата организација.
Милошоски, како поранешен министер за надворешни работи, во видео објавено на својот фејсбук профил порачува дека барањето на Грција за менување на Уставот е мешање во внатрешни работи на државата.
„Ништо што задира во овие прашања и во нашиот идентитет не треба да се прифати. Денешниот протест може само да и биде од корист на Македонија, па и на секоја Влада, без оглед која политичка власт ја раководи. Дали некој сака да присуствува или не сака, може или не може, тоа е лична работа, но мислам дека како граѓани, како нација, како народ, добро е да покажеме дека имаме став. Борбата ниту ќе почне утре, почнала многу одамна, ниту ќе заврши тука. Ќе ни треба многу мудрост, визија, трпение и аргументи. Сепак, најмногу од сè, ќе ни треба слога. И во името на таа национална слога, јас ќе ја дадам мојата поддршка за утрешниот протест“, – објави тој на својот фејсбук профил држејќи го своето бебе во раце.
27ми Февруари, Македонија / Macedonia / Macedoine, народот има право
Publiée par Antonio Milososki sur Lundi 26 février 2018