Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку Фејсбук го повика Панчо Минов како претседател да свика седница на Комисијата која е надлежна за утврдување на тешки повреди на собранискиот Кодекс за етичко однесување на пратениците, во случајов сторени од претседателот на СобраниетоТалат Џафери.
Милошоски го повикува Минов во најкус можен рок да закаже јавна седница, да го покани и пратеникот Талат Џафери и да му изрече јавна опомена.
Според опозицискиот пратеник, ова би бил еден чекор кон очекуваната оставка после бруката во Собранието.
Од друга страна, собранискиот спикер, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.