577
Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво – напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил, објавувајќи го Меморандумот за соработка потпишан меѓу Стефан Богоев, како градоначалник на општина Карпош и Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз Скопје.
Градоначалникот на Општина Карпош веќе даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во врска со предметот „Рекет“ во кој за сега се осомничени две лица. Богоев потврди дека склучил меморандум за соработка со првоосомничениот Боки 13, но негираше дека е вмешан во било какви кривични дела.