„Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија“ пишува на ФБ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Тој вели дека „и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието“.
„Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава“ пишува Милошоски.