Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ги праша министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи која била улогата на советникот на премиерот Заев задолжен за Европската Унија, Љупчо Зафировски при нивната посета во Франција, наведувајќи дека советникот зема повисока плата од нив.
„Почитувани @Bujar_O и @Dimitrov_Nikola молам за одговор на колку средби од вашата посета на Париз присуствуваше советникот на @Zoran_Zaev, Љупчо Зафировски (кој зема 1200€ и има повисока плата од вас), и истиот со кои дипломати од кабинетот на @EmmanuelMacron ви овозможи средби?“, праша Милошоски.
Прашањето на Милошоски следи откако Премиерот Заев на пратенички прашања во Собранието истакна дека Зафировски имал одлични врски со советниците на Макрон.