Антонио Милошоски од собраниската говорница тврди дека новата владина програма на Заев да ја читал Дедо Мраз ќе имало помалку ветувања.
– Кога ќе ги кажете проектите од оваа говорница звучи многу убаво. Според мене, новата влада ќе има три одлики селективна правда, меѓуетнички соживот и економија на кредит. Внатре има луѓе кои се аболицирани, луѓе кои се корумпирани. Имаме кандидат за премиер, кој е на судско рочиште за случајот „Поткуп“. Колку помалку остварени проекти ќе имате, толку ќе се остварува желбата за реваншизам – истакна Милошоски.
Според него, во 2006 година владата наследила 38 проценти невработеност, а денеска има 27 отсто.
– Сакаме да продолжи да се намалува невработеноста. Имаме мандатар кој поднесе кривична пријава против Бујар Османи, а сега тој истиот ќе биде министер во неговата влада – додаде Милошоски.