Седум дена владата на аболицираниот Заев ја замајува јавноста со измислена тема што имаше за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравството, а граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред три, пет или 25 години, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Миолошоски.
Смета дека за апсурдот да биде поголем, како што рече, оваа правна неписменост на Владата заврши со Комисија за законодавно-правни прашања, во која мнозинство имаа владејачката СДСМ и ДУИ кои донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11, бидејќи таков член, рече Милошоски, воопшто не постои.
– Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери, затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори, и затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој автоматски ќе мора да стане составен дел, односно да се избрише од Законот за помилување од 1993 година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на Членот 11 од Законот за помилување, премиерот Заев, ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ од 2008 година ќе мораше повторно да се отвори, рече Милошоски.
Оцени дека Владата и парламентарното мнозинство немаат добра координација и со оваа Влада, како што рече, не само граѓаните туку и целиот политички систем живее во една правна несигурност.