Макрон: Франција нема да поддржи отворање преговори без претходно да се реформира преговарачкиот процес

by fokus

 Францускиот претседател, Емануел Макрон, по лидерскиот состанок во НАТО, на прашање на МИА зошто ги блокираше преговорите со ЕУ за Северна Македонија во октомври изјави дека не бил сам во таа одлука.

-Ја прифаќам лошата улога уште еднаш, ако сакаат луѓето да велат дека само Франција беше против, уште еднаш ќе прифатам, но Франција не беше единствена против почетокот на преговорите, одговори францускиот претседател.

Тој ја повтори позицијата на Париз дека ќе одбие секакво отворање на преговори со земји кандидати доколку претходно нема реформа на преговарачката процедура.

Поврзани новости