Милков: Софија и Скопје нема заеднички да ја одбележат годишнината од смртта на Гоце Делчев

by Fokus

Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков.

На прес-конференција во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Милков рече дека не е постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.

„Ќе организираме прослави во Бугарија во градот Гоце Делчев со учество на највисоко ниво. На овие прослави добредојдени се и претставници на Северна Македонија, истакна Милков. Тој предупреди дека оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше 151 година од неговото раѓање.

Поврзани новости