546
Демонстрантите од „Протестирам“ кои тргнаа од Специјалното јавно обвинителство кон МРТВ каде што ќе ги испратат главните пораки од денешните протести, ја обоија оградата на мостот „Слобода“ кај Министерството за надворешни работи.
Шарената револуција продолжува секојдневно да остава трага врз проектот Скопје 2014. И оваа ограда наводно вредна два милиона евра сега е дел од шаренилото на протестите.