Во очи на поплавени домови, илјадиници луѓе на улица без кров на глава, кал до гуша, Град Скопје одлучи да потроши 70.475.222 денари, односно над 1,1 милион евра за да ја пресоблече зградата број 32 или „Палома Бјанка“ во барок.
И после ова, знам, џабе ќе бидат и коментари со повици и аплеи, џабе ќе биде нашето постојано чудење дали тее се нормални или имаат ли срам, кога сите знаеме дека тие таму се луѓе без одговорност и свест, без грам сочуство и без желба нешто да се промени и да се помогне.
Низ центарот на Скопје треба и мора да изгледа како ништо да не ни се случило во преградието на градот, па целиот тој центар повторно и одново да блесе во сјајот на кичот, да се подигне толку високо за да направи сенка со која ќе се скрие калта и разурантитните низ скопската приградска околина.
И додека се уште улиците низ поплавените подрачја се полни со кал, ѓубрето и сметот не се исчистени, се додека се уште се донира за настраданите и се мисли како да им се помогне, за надлежните во град Скопје, еден од главните виновници за тие поплави, најупорните ќе речат – сепак се ГРАДИ!