Милевски за „збогум“ доби награда од Крива Паланка

by fokus

Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура, со нови проекти кои се реализираат, вложувајќи во напредок и развој – за поубава општина за генерациите што доаѓаат, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ја доби наградата за посебни заслуги за придонес што ја доделува Општина Крива Паланка по повод 78 години од ослободувањето на градот.

Како што соопшти денеска Министерството за локална самоуправа, министерот Милевски заедно со градоначалникот Сашко Митовски и директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, Дарко Стоилковски, официјално ја пуштија во употреба реновираната национална установа „Центар за култура Крива Паланка”.

– За празнувањата да бидат поубави – подобри услови за работа во НУЦК, поквалитетна реализација на културните содржини, ентериерот во салата е саниран со финансии од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој како и Програмата за урбани подрачја со вкупно четири милиони денари и кофинасирање од општинскиот буџет близу 450.000 денари, рече градоначалникот Митовски.

Поврзани новости