Селекторот на Македонија, Боби Милевски, по новиот пораз од Грузија вели дека е горд на она што го прикажале неговите избраници. Според него, заслужиле повеќе.
-Најпрво сакам да и честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот. Можам да бидам горд на момците како одиграа, но загубивме на ист начин, на наши грешки. Мислам дека заслуживме многу повеќе вечерва. Доминиравме 90 минути – рече Милевски.
Македонија вечерва доживеа нов пораз од Грузија, овој пат загуби со 2-0 во Тбилиси и на коло пред крајот решени се сите дилеми околу првото место во групата – Грузијците одат понатаму и преку бараж ќе бркаат пласман на ЕВРО 2024.