Суспензија на Русија од Советот за безбедност, побара Мишел

by Фокус

Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, денеска во Њујорк изјави дека Русија треба да биде суспендирана од членството во Советот за безбедност на ОН.

-Кога држава со статус постојана членка на Советот за безбедност ќе почне неиспровоцирана и неправедна војна, војна што е осудена од Генералното собрание, по автоматизам треба да биде суспендирана од Советот за безбедност – рече Мишел.

Тој посочи дека правото на вето во рамки на Советот за безбедност треба да биде исклучок, а не правило, како што се практикувало во последно време.

Постојано членство во Советот за безбедност на ОН имаат Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија, со право на вето на резолуциите.

Поврзани новости