Милевски до фудбалерите: Истрчајте на теренот и уживајте

by fokus

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство.

Иако на хартија нашите репрезентативци се аутсајдери, сепак тие веруваат дека можат да направат изненадување, а дека се способни за такво нешто покажа многупати.

Селекторот Благоја Милевски на своите избраници им порача да не се оптоваруваат со резултатот, да немаат премногу респект кон домаќинот и едноставно да истрчаат на теренот на „Ренцо Барбера“ и да уживаат.

Натпреварот Италија – Македонија ќе се игра утревечер од 20:45 часот во Палермо.

Поврзани новости